Read Николај (фикција.вода.вистина) by Ненад Јолдески Димитрие Дурацовски Зоран Ковачески Мерсиха Исмајлоска Мите Стефоски Никола Кукунеш Online

Николај (фикција.вода.вистина)

НиколајСосема кус воведКнигата Николај (Фикција. Вода. Вистина.) е проект роден од предизвикот и провокацијата на животите на двајцата сопружници-емигранти. Таа е обид преку неколку раскази посветени на доктор Никола Незлобински и неговата жена, Софија Незлобинска, да се направи книжевен омаж. Не е случајно тоа што Николај и Софија станале предмет на литературна „обработкаНиколајСосема кус воведКнигата Николај (Фикција. Вода. Вистина.) е проект роден од предизвикот и провокацијата на животите на двајцата сопружници-емигранти. Таа е обид преку неколку раскази посветени на доктор Никола Незлобински и неговата жена, Софија Незлобинска, да се направи книжевен омаж. Не е случајно тоа што Николај и Софија станале предмет на литературна „обработка“ во овие раскази, зашто нивниот живот и нивната работа се неодвоиви од историјата на Струга, а нивната оставина и денес е видлива и неодминлива.Впечатливоста на сето тоа, на некој начин и станува „провокација“ за креативен книжевен третман. Расказот „Жената на Незлобински“ од Зоран Ковачески, објавен во книгата „Кога ни петлите не пеат“ (2002) е прв таков книжевен ангажман посветен на семејството Незлобински. По него следи необјавениот расказ на Димитрие Дурацовски, „Бледа сенка, Софија“ во кој се споменува расказот на Ковачески. Интересно е да се забележи дека и двата раскази во својот фокус ја имаат Софија Незлобинска. Бидејќи расказите постоеја пред замислата да се направи оваа книга, слободно може да се каже дека тие на некој начин ја претставуваа првата фаза на овој „проектот“ кој малку подоцна се покажа пред нас.Редот на нештата беше таков што во мене се роди идејата да го продолжам веќе започнатиот книжевен третман, а кога на тоа, како во креативна спирала, се надоврзаа и расказот на Мите Стефоски, како и останатите два што ја сочинуваат оваа збирка („Сестрата на змејот“ од Мерсиха Исмајлоска и „Далјанот на Николај Антонович“ од Никола Кукунеш), веќе беше јасно дека сме добиле една заедничка целина во која расказите природно се надоврзуваа. Беше чудесно дека иако дел од авторите од оваа втора фаза немаа увид во расказите од првата, сепак, тие стануваа комплементарни еден на друг, иако толку различни во приодот, изразот и литературните постапки. Расказите игриво се надополнуваа и во таа слободна наративна игра, обидените околу едно заедничко средиште, покрај тоа што функционираат како засебни целини, се чини дека создаваат и една нова, заедничка структура која би овозможило и поинакво читање.Бидејќи за докторот и неговата жена се знае многу малку и како што минува времето останаа навистина многу недоречености, речиси во сите раскази може да се препознае и желбата книжевно да се „интервенира“ во историјата, да се дорече недореченото, заборавеното, исчезнатото, а таквиот историографско-метафикциски дискурс прису–тен речиси во сите раскази служи како „лост“ кој има за цел „да го извади на виделина“ оној дел од животот на докторот кој неповратно се загубил со неговата оставина. Ваквата структура на книгата, нејзината последичност, премреженост, на крајот и случајност, овозможува расказите да се набљудуваат и во зависност од нивните взаемни врски и интертекстуални премрежувања, нешто што овозможува одново оваа книга да се набљудува и како целокупно, засебно и заокружено дело.ВодаСосема куса лична картаКнигата содржи шест раскази посветени на докторот како и дванаесет илустрации изработени специјално за расказите застапени во неа. Автори на расказите се: Зоран Ковачески, Димитре Дурацовски, Мите Стефоски, Мерсиха Исмајлоска, Никола Кукунеш и авторот на овој вовед.Автори на илустрациите во книгата се двајца ликовни уметници: Христијан Томаноски и Ѓорѓи Крстески, а по повод објавувањето на книга и една слика од ликовниот уметник Горан Ристовски која се наоѓа на предниот дел од корицата на книгата. Расказот, Николај и Мастилавото езеро беше третиран и како скулптурална инсталација од Ѓорѓи Крстески.НезлобинскиСосема куса вистинаНиколај Антонович Незлобински е роден на 12 мај 1885 година во градот Пјатигорск во Русија. Животот ненадејно му завршува во Струга за време на Втората Светска Војна, на 17 мај 1942 година, најверојатно од срцев удар. Студирал на Военомедицинската академија во Санкт Петербург. Од тогаш датираат и неговите први истражувачки трудови. После Октомвриската револуција, како белогардеец емигрира од Русија и на 28 Август 1924 година, заедно со неговата жена Софија и уште неколкумина соработници, пристигнуваат во Струга.Во градот е испратен на задача: да работи на уништување на маларијата - ендемска болест која тогаш претставувала сериозен проблем. Незлобински макотрпно работи во Струга и го гради првиот диспанзер. Покрај тоа значајно ја подобрува хигиената во градот. Можеби едно од највредните работи кои му ги подарил на градот е Природно-научниот музеј кој датира уште од 1926 година. Воодушевен од убавините на градот и околината, особено од планините и езерото тој за кусо време успеа да изгради збирка од препарирани живот–ни која воодушевувала. Дури после две години, во 1928 година, Незлобински збирката ја изложува како постојана музејска поставка, со што ги поставува темелите на Природно-научниот музеј во Струга и воопшто, на музејската дејност во Македонија. Неговата жена Софија предава музика, руски и француски јазик во Струшката гимназија и го надживува петнаесет години. И двајцата се закопани со најголеми почести на градските гробишта во Струга....

Title : Николај (фикција.вода.вистина)
Author :
Rating :
ISBN : 9786084641186
Format Type : Paperback
Number of Pages : 100 Pages
Status : Available For Download
Last checked : 21 Minutes ago!

Николај (фикција.вода.вистина) Reviews

  • Ненад Јолдески
    2019-03-18 08:54